еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатот на Алими од ДУИ бара јавно извинување од Фатиме Фетаи

Адвокатот Мефаиљ Арслани на обвинетиот координатор на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Титаник 3“, во допис до медиумите, бара јавно извинување од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која денеска на судењето рече дека тој ѝ пренел закана до нејзиниот колега од СЈО, Гаврил Бубевски.

Во допис Арслани вели дека изнесените наводи од страна на Фетаи се невистинити.

„На денешното рочиште за предметот ’Титаник 3‘, во кој јас се јавувам во својство на бранител на еден од обвинетите, од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, против мене беа изнесени небулозни тврдења, лаги кои укажуваат на едно непрофесионално постапување на обвинителката и потсмев во јавноста.

Барам јавно извинување од обвинителката Фатиме Фетаи. Јас сум адвокат кој професионално ја обавува својата дејност. Моите клиенти и соработници никогаш не сум ги делел според нивната вероисповед, или „наши и ваши или каури“ како што посочува Фетаи.

Мојот пристап и начин на работа е професионален за кое нешто е потврда мојот коректен однос со сите колеги и клиенти. Ниту јас, ниту мојот клиент сме се заканувале директно или индиректно на обвинителот Бубевски“, пишува Арслани, кој посочува дека ниту приватно, ниту пак во врска со предметот се видел со обвинителката Фетаи.

„Доколку нејзините наводи во врска со заканите се вистинити, сметам дека истата знае на кој начин, закон и член да се повика за истите да ги докаже. Очекувам од страна на СЈО да бидат превземени сите со закон предвидени дејствија, а со цел докажување на вистината.

Доколку, не превземат ниту едно дејствие и не биде покрената постапка против мене, јас ќе покренам постапка против обвинителката Фатиме Фетаи за начинот на кој се обиде да го наруши мојот углед“, вели Арслани.

Фото: Академик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите Алими и Гури од ДУИ му се заканувале дека ќе му ја расплачат фамилијата на каурот Бубевски од СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарската опозиција со писмо во Парламентот бара одземање на азилот и екстрадиција на Груевски

Редакција

Повеќе жени, 10 лица хоспитализирани, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција