еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатот Тасевски: Начинот и динамиката на закажување на рочиштата се комплетно незаконски

Адвокатот Боро Тасевски, кој денеска беше казнет поради недоаѓање на рочиштето за „ТНТ“, како бранител на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, посочи дека начинот и динамиката на кој се закажуваат рочиштата за предметите што ги води СЈО, се комплетно незаконски.

– Има предмети кои по никаков основ немаат приоритет, не се притворски и нема зошто да бидат закажувани толку често, од ден за ден, па дури и стотина рочишта да се закажуваат однапред, истакна Тасевски, посочувајќи дека поради начинот и динамиката на кој се закажуваат рочиштата ќе има преклопување на многу судења.

Тој нагласи дека на тој начин се онеовозможува одбраната да присуствува на сите оние рочишта и на сите оние предмети каде што клиентите изразиле желба да бидат бранети конкретно од него, наведувајќи дека, во иста ситуација се и други негови колеги.

– Со ваквото незаконско, според мене, форсирање и незаконска динамика на закажување на овие рочишта се повредува, како правото на одбрана на обвинетите, така и правото на бранителите да ја остваруваат својата функција и да ги бранат своите клиенти, што согласно етичкиот кодекс на адвокатурата мора да го чинат и не смеат да одбијат клиент кој изразил желба да биде бранет од нив, истакна бранителот на Трајковски.

Запрашан зошто наместо во одбрана на Трајковски, тој одлучил да присуствува на рочиштетот за предметот „Тенк“, како бранител на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, тој одоговори дека „тоа го сторил изричито по нејзино барање, бидејќи таа е во многу тешка сосотојба и не може самата активно многу да учествува и многу време да посвети на својата одбрана“.

– На денешното рочите за „Тенк“ беа истакнати сериозни приговори сега тоа ќе продолжи и со воведни говори, исто така сериозни наводи и во воедните говори ќе бидат изнесени и за мене како адвокат неетички е да го оставам овој мој клиент сам без одбрана во една таква ситуација, потенцираше Трајковски.

На прашањето дали тој ќе ја подмири паричната казна, одговори дека сигурно ќе се жали, но доколку одлуката биде правосилна, ќе ја плати.

– Со оглед на овој начин на постапување што го презема судот со закажување на рочишта многу често, со преклопување, велам покрај повредување на правата може да се случи да дојде до ситуација и одредени адвокати да ги откажуваат полномошните и да се повлекуваат од овие предмети, односно да ги остават клиентите без одбрана, констатираше Трајковски.

Тој истакна дека за утре се закажани три рочишта по предмети кои ги води СЈО, за кои се дава приоритет.

– Во 9.30 часот е закажан предметот за Општина Центар, во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Групевски, каде што сум јас бранител, како на Груевски, така и на други тројца обвинети, единствен нивни бранител, потоа во 10.00 часот продолжува денешното судење за предметот „Тенк“, а во 9.30 часот е закажана јавната седница по жалбата во апелација каде што Груевски и Ѓоко Поповски веќе се со пресуда. Ова што се случува е сосема непотребно, заклучи Трајковски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 36 пациенти, вкупно се лекуваат 482

Редакција

Нова средба без прогрес: Бугарија сака да наметне свој поглед на минатото, велат од македонскиот тим од заедничката Комисија

Редакција

Османи: Мнозинство има, очекуваме преку разговорите да се зголеми дополнително

Редакција