еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Аерозагадувањето го „убива“ мозокот кај децата

Аерозагадувањето може да го оштети развојот на мозокот, со посебен осврт на оштетување на когнитивни функции во тек на животот. Многу студии покажале дека изложување на ПМ пренатално и во првите месеци од животот, е поврзано со успорен психофизички развој и пониско ниво на интелигенција.

Напишани се повеќе од 1.000 трудови за аерозагадувањето и аутизмот, кои се поврзани со изложување на полициклични ароматични јагленохидрати, дизел издувни гасови, честички, азотен диоксид, озон и сулфур диоксид во пренаталниот и раниот доенечки период, што е потврдено со неколку студии на животни.

Познато е дека околу 500.000 смртни случаи од карцином на бели дробови и 1,6 милиони смртни случаи од ХОББ може да се препишат на аерозагадувањето. Аерозагадувањето се поврзува со малигнитетот, како што е карциномот на мочниот меур и леукемија кај децата.

Аерозагадувањето е еден од најважните, променливи ризици врз здравјето, воопшто. Аерозагадувањето е наречено „тивок убиец“ од страна на Светската здравствена организација, бидејќи ефектите на аерозагадувањето најчесто одат незабележени и не можат лесно да се измерат.

Развојот на белите дробови кај децата се успорува со изложување на загадениот воздух, а со тоа се очекува да се јават белодробни заболувања кога ќе пораснат. Аерозагадувањето е поврзано со намалена когнитивна функција и зголемен ризик од деменција. Честичките (ПМ) во воздухот кои се помали од 2.5 микрометри, се поврзуваат со успорување на психомоторниот развој и намалено ниво на интелигенција кај децата.

Примариус д-р Соња Петровска

„Добро е познато дека аерозагадувањето може да предизвика егзацербација на алергиските манифестации кај сензибилизирани лица. Клинички епидемиолошки студии покажале дека загадувањето може кај деца да предизвика рана сензибилизација, и високи вредности на ИгЕ уште во раната возраст.

Има податоци дека аерозагадувањето игра улога и во развојот и во егзацербацијата на алергискиот ринит. Студија кај претшколски деца покажала дека изложеност на загадување од сообраќајот пренатално и во раната возраст, биле со повисок ризик за развој на алергиски ринит“, објаснува прим. д-р Соња Петровска педијатар во Zan Mitrev Clinic.

Д-р. Петровска додава дека загадувањето на средината, може да го зголеми ризикот од автоимуните заболувања. Белите дробови имаат огромна површина која доаѓа во контакт со огромен број на антигени. Оваа сензибилизација, може да ги направи луѓето склони кон автоимуни заболувања. Загадувањето потенцијално придонесува кон реуматоиден артрит и системски лупус.

Канадска студија покажала зголемена застапеност на реуматоиден артрит во средини со зголемено ниво на ПМ25. Пренатална изложеност на ПМ 2.5 за време на бременоста, може да го зголеми ризикот кај детето за развој на леукемија или астроцитом.

Студија покажала подеднаква поврзаност на високи вредности на ПМ и зголемениот морталитет од миокардни инфаркти, мозочни удари, срцева слабост и висок притисок. Умерен пораст на нивото на карбоксихемоглобин (од 3-6%) може да се јави при изложување на издувни гасови, а со тоа да бидат причина за појава на аритмија и срцева болка кај луе со коронарна срцева болест.

Аерозагадувањето има штетни ефекти врз ЦНС, вклучувајќи оштетување на когнитивните функции и зголемениот ризик од деменција и мозочен удар кај постари лица. Оддалеченоста на местото на живеење од главните патишта, е маркер за изложеност на аерозагадување.

Педијатриската служба на Zan Mitrev Clinic можете да ја добиете на тел. бр. 02/30 91 484.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Која е Лидија Неделкова, врховната судијка која ја разреши Судскиот совет

Редакција

Нови 149 случаи на Ковид-19 од 2.669 тестови, 20 се реинфекции

Редакција