еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?

Додека се уште се води судскиот случај за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Таргет-Тврдина„, кој меѓудругото треба да покаже кој прислушувал нелегално над 20.000 граѓани, државниот јавен обвинтел Љубомир Јовески ни соопшти дека од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации.

Во оваа зграда се сместени Основното, Вишото и Републичкото јавно обвинителство.

Ќе се истражува и дали се снимале разговори во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое е сместено во друга зграда.

Подоцна премиерот Зоран Заев, дополнително ја стресе јавноста откако соопшти дека биле прислушувани сите фиксни телефони и во Основен суд Скопје 1, а како што рече истрагата ќе покаже дали ваков систем за прислушување бил поставен и на друго место.

Или сумирано со месеци биле прислушувани обвинители, судии, судски службеници, истражители, стручни соработници…

Ако на оваа додадеме дека со претходната мега афера со т.н. „бомби“ кои на времето ги објави Заев, додека беше опозиционер, излезе дека биле прислушувани премиер, политичари, министри, високи државни функционери, директори, адвокати, новинари, бизнисмени, обични граѓании… логично е да се постави прашањето кој тоа не бил прислушуван во Македонија?

Нема дилема оваа се многу сериозни пропусти за една држава и истите ќе имаат долгорочни последици.

Затоа надлежните институции треба што побрзо да ги лоцираат виновниците и тие да се најдат таму каде што им е местото, а за во иднина да се применуваат механизми кои ќе спречат вакви злоупотреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Фото: commons.wikimedia.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Гир без коментар за изјавите на Ахмети и Ковачевски: Слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ

Редакција

Народна банка со ново зголемување на каматните стапки

Редакција

Помеѓу заразените со делта сојот во Албанија има и лице од Македонија, кој го „увезол“ вирусот

Редакција