еМагазин
Image default
Македонија

Џафери:  Двотретинските закони ќе се сметаат за донесени, останатите се враќаат во собраниска процедура

Законите што не добија потпис од претседателот Ѓорге Иванов, а беа донесени со двотретинско мнозинство ќе се сметаат за донесени, а останатите закони ќе бидат вратени во собраниска процедура, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Обврска на Собранието е да ги донесе законите и моја обврска е во соодветно време, поточно веднаш по донесувањето, да ги потпишам пропратните писма и делот од указот каде е предвиден мој потпис. За законите што не се носат со двотретинско мнозинство претседателот на државата е должен во рок од седум дена да одговори дали ќе ги потпише или не. За законите што се донесени со двотретинско мнозинство претседателот, според Уставот, е должен веднаш да ги потпише указите.

И во првиот и во вториот случај претседателот одбил тоа да го направи, ги вратил законите со неговото објаснување дека е тој повикан да го штити Уставот. Во оваа ситуација законите што се носени со двотретинско мнозинство не можат повторно да се вратат во собраниска процедура и се сметаат за донесени.

Другите закони, според Деловникот, должен сум во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законите да ги вратам во повторна собраниска процедура, односно да ги ставам на седница и, секако, тој рок од моја страна ќе биде испочитуван, рече Џафери.

Тој појасни дека нема никаква пречка Собранието да може да работи во време на предизборна кампања, но оваа ситуација, вели не изискува по секоја цена Собранието да работи затоа што рокот е да се стават на седница, а одлучувањето може да трае поради можната дебата, и затоа не може да се предвиди дека ако се стават на седница, законите веднаш да бидат донесени со потребното мнозинство.

МИА/Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако по втор пат не биде донесен изменетиот Законот за енергетика, ќе има драстично зголемување на цените на нафтените деривати

Иванов не потпишува закони со Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преброени над половина од гласовите: Пендаровски 42,71 отсто, Силјановска 41,08 и Река 12,05

Редакција

Новинарите ги осудија заканите до медиумите на Османи за скандалот со пензиите

Редакција

„Титаник 3“ ќе продолжи на 17 април

Редакција