еМагазин
Image default
Македонија

Џафери е задоволен што го исполнил ветувањето кон пратеничките, им отвори женска соба

Претседателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на Соба на Клубот на пратенички изјави дека го остварил ветувањето по повод  Меѓународниот ден на жената и одбележувањето на 15-годишнината од функционирањето на Клубот на пратенички, кога рекол дека ќе го следи примерот на шведскиот Парламент и Кралството Шведска, земја со највисок процент на застапеност на жените во политиката и јавниот живот.

А, тоа е, дека ќе започне со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела во Собранието.

„И ете денес, после седум месеци, ние сме тука на отворањето на таа Соба на Клубот на пратенички, која ќе биде скромен, но значаен придонес и оддавање признание за улогата на жените политичари во Собранието. Оваа современо уредена соба со симболични национални премиси, ќе биде соба во која Клубот на пратенички ќе функционира, ќе одржува состаноци, средби, ќе прима делегации и ќе се дружи.

Тука се прикажани низ слики дел од активностите на нашите драги колешки, а во иднина оваа институционална меморија ќе биде збогатена со се надевам уште многу конкретни резултати од неуморната но толку важна работа на овој Клуб, кој е гласот на таканаречениот „понежен пол“, иако јас не би се согласил со таа констатација бидејќи, низ годините се докажа дека жената е движечка сила, мотор кој има визија, има сила и пред се, има желба да створи поубав свет за нашите деца и за сите следни генерации“, рече Џафери.

Фото: Собрание на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски со група граѓани се упати кон Свети Спас

Редакција

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Редакција

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Редакција