еМагазин
Image default
Македонија

Џафери го демантира Бачев дека претставници од американската амбасада, држат тројца пратеници заклучени во Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

„Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободнo“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев обвини дека „тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени“.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Гоце Делчев ќе го славиме заедно со Бугарите?

Редакција

ДИК: До 9 часот излезноста е 2,45 %

Редакција

Судење „Таргет-Тврдина“: Мијалков вели дека нема ниту еден доказ дека „бомбите“ се од УБК

Редакција