еМагазин
Image default
Македонија

Џафери: Уставните амандмани ќе се гласаат на 15 јануари

Комисиската расправа за амандманите на Уставот кои произлегуваат како обврска од Преспанскиот договор ќе започне на 17 декември, пленарната седница на Собрането треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари, изјави денеска претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

-Денеска завршуваат последните две јавни распрви што ги организира Владата во Штип и во Тетово. Сега Владата има обврска да поднесе извештај до Собранието во однос на јавните расправи, како и предлог-амандмани кои ќе треба да се дебатираат во завршна фаза на пленарна седница.

Согласно Деловникот, комисиската расправа ќе се случи на 17 декември на која ќе може да се предлагаат амандмани на предложените амандмани од страна на Владата.

Со завршување на таа комисиска расправа која ќе тече според фазите што се предвидени во Деловникот, моите предвидувања се дека најрано на 9 јануари ќе се свика пленарна седница која треба да заврши на 15 јануари на која ќе се случи финално гласање на амандманите на Уставот, рече Џафери на заеднчката прес-конференција со неговиот албански колега Грамоз Ручи.

Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери смета дека тоа е веројатно, како што вели, апел за да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот од Преспа.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео од дрон) Мицкоски на митингот во Скопје го повика премиерот Заев на предновогодишен ТВ дуел

Никола Осило

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Редакција

Средба Пендаровски – Ахмети: Сите политички фактори да се насочат кон помирување за стретешките цели

Никола Осило