еМагазин
Image default
Македонија

Агенцијата за храна годинава открила 237.774 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните празници, а со цел спречување на евентуална продажба на небезбедна храна на граѓаните во услови на зголемена продажба и потрошувачка, инспекциските  служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна на македонскиот пазар, информираат од АХВ.

„Од почетокот на годинава досега извршени се вкупно 55.820 контроли кај операторите со храна. Како небезбедни, поради поминат рок на употреба, микробиолошка неисправност, неправилно означување и декларирање, поништени или вратени се вкупно 237.774 килограми небезбедна храна.

За констатираните недоследности со контролите (нехигиена во објектите, неправилно означување на храната, несоодветни услови на чување и складирање на храната, неводење евиденција за добра хигиенска и добра производствена пракса, за неизвршени здравствени прегледи за бацилоносителство, како и за констатирани отстапки од декларираниот состав на храната), од страна на инспекциските служби донесени се 1.776 решенија за отстранување на недостатоците, одржани се исто толку едукации за операторите, а поднесени се и 41 прекршочна и една кривична пријава.

Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура“, се вели во соопштението на АХВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Амбасадорката на САД, Кејт Бернс порача дека остануваат многу предизвици, но дека земјата е на пат што ветува

Редакција

Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на државата

Редакција

Комисијата за односи со верските заедници демантира дека е инвловирана во превирањата во ИВЗ

Редакција