еМагазин
Image default
Македонија

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу во изјава за Аласат-М вели дека не може да ги коментира забелешките од ДУИ за неговото назначување од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.

– Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник Ви стојам на располагање, изјави Муслиу.

Вели дека на е запознаен со денешната изјава на вицепремиерот Бујар Османи дека ДУИ не се согласува со одлуката да биде поставен на оваа функција.

– Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, рече Муслиу.

Прашан за коментир на изјавите на ДУИ, Муслиу одговори дека: „не зна кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знае тие се заедно во влада со СДСМ, односно го поддржаа претседателот Стево Пендаровски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби

Кој е Еролд Муслиу – првиот разузнавач што не и по ќеф на ДУИ?

Во ДУИ вознемирени од назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Милчин: “Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Премиерот се унапредил себеси во монарх?“

Редакција

Голема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во анкетата на НДИ

Редакција