еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети се знаел со Фејзи Азири, обвинет во „Монструм“, Османи го посетил семејството на заштитениот сведок Хаки Азири

На денешното рочиште за „Монструм“, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека во периодот од 2002 или 2003 година се познавал со Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот.

Рече дека кога го познавал бил добар човек и дека се занимавал со одгледување на добиток.

Неговиот соопартиец, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој исто така се појави во судот во улога на сведок, пак потврди дека бил во посета на семејството на Хаки Азири, порано заштитен сведок, а сега обвинет во „Монструм“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети сведочеше за „Монструм“: Стравуваме да не дојде до судири и ескалација на состојбата

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков, Џафери и Беџети следни сведоци за „Монструм“

Османи сведочеше за “Монструм“: Беше многу важно судењето да се повтори, бидејќи граѓаните не веруваат

Фото: Фејсбук/Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска влез во Грција без сертификати и без никакви рестрикции за невакцинираните внатре во земјата

Редакција

Богданов за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Раководството беше далеку од мојот идеал, да изградиме модерна партија

Редакција

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Редакција