еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Секој треба да знае дека нема враќање од промената на името

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју во телевизијата Клан, зборувајќи за владеењето на правото и селективната правда, порача дека е неопходен ветинг.

На прашањето за случувањата поврзани со специјалното обвинителство, Ахмети потсети на ставот на ДУИ за витетинг.

– Нашата земја има сериозна потреба од ветинг. ветинг за политичари, министри, пратеници, градоначалници, судии, обвинители и сите. ДУИ е единствената партија што побара да се испита од обвинителството. Јас сам во тоа време сум побарал од Катица Јанева затоа што се соочуваме со клевети секој ден. Затоа ние бараме владеење на правото преку ветингот, рече Ахмети.

Ахмети потоа истакна дека ветингот и владеење на правото, се стига до неселективната правда како предуслов за економски развој и правна предвидливост.

На прашањето за ставовите на опозицијата против договорот од Преспа и Законот за јазик, Али Ахмети истакна дека овие ставови се дневна политика за моментални потреби.

– Секој треба да знае дека нема враќање од јазичната еднаквост, промената на името и добрососедството. Во пролет оваа година, Европа е многу заинтересирана Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување во ЕУ во март, рече Ахмети.

Ахмети додаде дека самите челници на ЕУ оцениле дека неуспехот за отворање преговори за Македонија и Албанија е срам за Европа и Брисел.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.001 оздравени од Ковид-19

Редакција

Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство: Се бара оставка од Венко Филипче

Редакција