еМагазин
Image default
ЖИВОТ

АХВ: Мандарините од Турција се безбедни за јадење

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција, информираат од таму.

„Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.

Во рамки на контролите при увоз и на овој тип овошје, по потреба, се земаат мостри за лабораториско испитување, вклучително и за евентуално утврдување на присуство на пестицидот поради кој била изречена забраната за увоз на мандарини по потекло од Република Турција во Република Српска.

Пратки со посоченото цитрусно овошје од Турција во земјава,  лабораториски се тестирани во месец декември 2018 година, а во фаза на лабораториско тестирање се и мострите кои инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ги земаа овој месец.

Во испитаните мостри во декември 2018 година, не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусното овошје. Досегашните, со години извршени испитувања на безбедноста на цитрусното овошје, покажуваат резултати во граници на дозволеното поради што не се изречени ниту забрани за увоз“, се вели во соопштението на АХВ.

Минатата година во земјава биле увезени повеќе од 8.6 милиони килограми мандарини, најмногу од Турција и соседна Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОБСЕ пушти во употреба нов онлајн ресурс за борба против насилството врз жените

Редакција

(Фото) Ева Заева и Душко Чифлиганец на одмор во Бали

Редакција

(Галерија) Во Fit Family вежбајте и слабејте заедно со познатите: Метода со која се постигнува вистинска трансформација на телото

Редакција