еМагазин
Image default
ЖИВОТ

АХВ: Нема законски пречки здруженија да раководат со прифатилишта за животни

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како одговорна институција за здравствената заштита и благосостојбата на животните, информира дека прифатилиштата се одобруваат во зависност од тоа дали и колку ги исполнуваат законски пропишаните услови, согласно кои не постојат законски пречки едно прифатилиште да биде раководено од здружение за заштита на животните, доколку тоа ги исполнува сите законски услови, стои во одговорот на барањата изнесени од здруженијата за заштита на животните кои денеска излегоа на протест во Скопје.

Од АХВ велат дека согласно Законот за благосостојба на животните, контролата на популацијата на кучиња е надлежност на општините, односно Градот Скопје, но дека Законот не обврзува секоја општина самостојно да воспостави прифатилиште за бездомни животни, односно заедничко прифатилиште можат да основаат и повеќе локални самоуправи.

Во однос на барањето за комплетирање на Регистарот на сопственици на миленици, од АХВ, информираат дека во рамки на Ветеринарно-информативниот систем на Агенцијата функционира модул за регистрирање на домашни миленици каде досега се евидентирани 20.500 миленици.

Од септември годинава, како што се наведува во соопштението од АХВ, е реализирана и кампања за бесплатно микрочипирање на домашните миленици – кучиња и мачки, за што се набавени 100 илјади микрочипови.

– Во реализацијата на оваа кампања вклучени се 147 ветеринарни друштва. Услугата е прв пријавен, прв услужен, а краен рок за користење на овие микрочипови е 31 март 2019 година, информираат од АХВ.

Во однос на барањето за комплетирање на Правилник за одгледувачи, АХВ информира дека активно работат на подготовка на нацрт правилник за одгледувачници за домашни миленици и условите кои треба да ги исполнуваат продавниците за домашни миленици, по што ќе биде формиран и Регистер на одгледувачи кои ќе плаќаат уредно данок.

За барањето Градот или општината преку Советот да усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик, од АХВ посочуваат дека во рамки на соработката која ја имаат со ЗЕЛС, испратено е известување до сите општини за законските обврски кои локалните самоуправи ги имаат во поглед на промовирањето на одговорно сопствеништво на домашните миленици.

Во одговорот на барањата на здруженијата за заштита на животните, АХВ наведува дека од своето формирање во 2011 година досега, самостојно и во соработка со други институции и невладиниот сектор, има организирано повеќе кампањи за промоција на одговорното сопствеништво, почнувајќи од децата во градинките и нижите одделенија во основните училишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во Скопје се протестираше против нехуманиот третман на бездомните животни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќерката на починатиот тетовец од коронавирусот кој престојуваше во Заводот за рехабилитација, бара истрага за несовесно лекување

Редакција

Јовановиќ ја опиша разделбата на кабинетот со Тевдовски: Сите плачевме, пет минути му ракоплескавме

Редакција

Имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација е подолг, отколку со прележување на Ковид-19, вели Филипче

Редакција