еМагазин
Image default
Бизнис

АХВ: Нов случај на африканска свинска чума во Бугарија, да се почитуваат заштитните мерки

По новиот случај на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград, Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти е пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) на 17 овој месец, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да ги почитуваат донесените решија за спроведување заштитни мерки.

„Граѓаните од пограничните региони со Бугарија и ловните друштва, до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар задолжително да пријават доколку забележат угината дива свиња, бидејќи преку труповите во кои вирусот опстојува долго време, можно е ширење на болеста меѓу популацијата диви свињи.

Концесионерите на ловишта да продолжат да спроведуваат засилен надзор во ловиштата и санитарен отстрел, со земање мостри за испитување присуство на болеста од секоја застрелана свиња“, апелира Агенцијата.

Според АХВ, лицата кои биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

„Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ги одржуваат и развиваат биосигурносните мерки на фармите. Свињите да се чуваат затворени, да се води евиденција за нивно движење и да се ограничи пристапот на лица и/или возила на фармите. Неопходно е да се преземаат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, опремата и возилата и контрола на штетниците и векторите на фармите.

Свињите да не се хранат со помии, односно кујнскиот отпад треба задолжително и нештетно да се уништи. За секое движење, животните треба да се придружени со валиден сертификат за нивната здравствена состојба. Превозните средства треба да се исчистат и дезинфицираат пред да се натоварат или истоварат животните.

Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни на болеста кои немаат познат здравствен статус“, потсетува Агенцијата.

АХВ апелира и свежото месо, подготовките од месо и производите од месо, како и нус – производите да не доаѓаат во контакт со приемчивите животни, засилена контрола на документацијата да се врши на добиточните пазари и собирните центри, а строго е забрането и продавање животни надвор од добиточните пазари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП: До 15-јануари регистрација и отповикување за ДДВ

Редакција

Три кривични пријави за увозници на овошје и зеленчук и десетина прекршочни

Редакција

„Дрисла“ го доби тендерот за собирање и третман на медицински отпад од осум клиники вреден 631.000 евра

Редакција