еМагазин
Image default
Македонија

Академија за протокол: Погрешното знаме е еден од пострашните протоколарни гафови на нашите служби

Академијата за протокол која на нејзиниот фејсбук-профил главно објавува статуси во врска со протоколарните правила кои се однесуваат на политичари и државници, реагираше за погрешното знаме поставено при официјалниот пречек на австрискиот канцелар Себастијан Курц пред Владата.

Имено, при пречекот пред Владата наместо знамето на Австрија, беше ставено знамето на Летонија, по што следуваше и официјално извинување од страна на македонската Влада.

„И двете знамиња се со црвено-бела комбинација и тоа: Австриското: трите ленти се со еднаква широчина, а црвената е Империјал Ред, шифра ED2939. Летонското: средната бела лента е потенка, а црвената е Џапаниз Кармине, шифра 9Е3039. За ова дури и не треба да сте протоколџија, пет минути поминати на интернет се доволни.

Вака како што изгледа, се чини дека сепак станува збор за лошо изработено австриско знаме кое повеќе личи на знамето на Летонија. Доколку ова се покаже како точно, ова ќе биде еден од пострашните протокларни гафови на нашите служби, за што би требало да следи официјално извинување“, се вели на фејсбук-статус на Академијата за проткол.

Од таму исто така реагираа и на извинувањето од страна на владините служби при именувањето на државата во Латвија, имајќи предвид дека таа на македонски е Летонија.

Академијата за протокол врши обуки за деловна етикеција и дипломатски протокол според наставната програма на Школата за протокол од Вашингтон.

Фото: Влада на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

(ВИДЕО) Курц пречекан со погрешно знаме, македонската Влада се извини за пропустот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има осомничени лица за дојавите за бомби во скопските училишта, вели Спасовски

Редакција

Нови 870 случаи на Ковид-19 од 5.844 тестирања

Редакција

Нови 335 случаи на Ковид-19 од 3.543 тестирања

Редакција