еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акционерите одобрија: Орце Камчев и Цветан Панделески може да ја купат биогасната електрана на ЗК „Пелагонија“ за 24 милиони евра

Акционерите на ЗК „Пелагонија“ на денешното Собрание дадоа зелено светло за одобрување голема зделка со заинтересирана страна со која Јордан Камчев и Цветан Панделески преку бугарска фирма ќе ја купат биогасната електрана „Пелагонија енерџи“ за 24 милиони евра.

Компанијата преку Македонската берза соопшти дека како поврзани субјекти во оваа зделка се јавуваат Панделески и „Орка Холдинг“ кои преку свои фирми во Бугарија се основачи на фирмата „Тиор“ која се јавува како купувач на биогасната електрана на ЗК „Пелагонија“.

Имено, децата на Цветан Панделески, Дејан и Снежана се основачи на фирмата „Тим“, која пак се јавува како основач на бугарската фирма „Тимстрој фјужн“. Оваа фирма е содржник и поседува 50 отсто од „Тиор“.

Воедно, Цветан Панделески е претседател и неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“.

Истовремено, Јордан Камчев е неизвршен член на Одборот на директори на „Орка Холдинг“ и се јавува како основач на бугарската фирма „Камил – РМ“, која пак е содружник и поседува 50 отсто од „Тиор“. 

Поради поврзаноста, при носењето на одлуката за одобрување на оваа зделка на денешното Собрание не гласале Панделески и „Орка Холдинг“, кои се акционери во ЗК „Пелагонија“.

Според договорот, од вкупната сума од 24 милиони евра за купување на биогасната електрана, Камчев и Панделески преку бугарската фирма „Тиор“ треба да уплатат 15,5 милиони евра на сметка на ЗК „Пелагонија“, а 8,5 милиони евра ќе бидат наменети за отплата на обврските на биогасната електрана „Пелагонија енерџи“ по основ на кредити од Стопанска банка Скопје и други обврски.

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Орце Камчев и Цветан Панделески преку бугарска фирма ги купуваат електраните на ЗК „Пелагонија“ за 24 милиони евра

Орце Камчев и Цветан Панделески за 24 милиони евра си купуваат златна кокошка „сами од себе“

Фото: Пелистер/Орка холдинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вагон од возот кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје излизгал кај Кадина река, нема повредени патници

Редакција

Драстичен раст на добивката на прилепски „Мермерен комбинат“

Редакција

еМагазин Ви ја честита новата 2023 година

Редакција