еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако има зголемен број заразени со Ковид-19 повторно рестриктивни мерки

Во случај на зголемување на бројот на заразени со вирусот Ковид-19 повторно ќе бидат воведени рестриктивните мерки што ги укина денеска Владата, предупредува премиерот Оливер Спасовски и апелира на почитување на мерките за носење на заштитна опрема, одржување дистанца и однесување по протоколите што ги утврдува Комисијата за заразни болести.

– Денеска можеме да констатираме дека се исполнети условите да ги намалиме рестриктивните мерки коишто не ги воведовме ние како Влада, ниту Комисијата за заразни болести ни ги предложи заради тоа што така сакаат или ние така сакаме, туку заради тоа што тоа го наложуваше состојбата.

Ако секаде во светот имаше различни пристапи, константа во секоја од државите е заштитна опрема, одржување на растојание и рестриктивни мерки во одреден период се со цел да се пресечат патиштата на ширење на вирусот.

Сега граѓаните знаат што се очекува кога има зголемен број на случаи. Тоа ќе значат повторно рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме и досега и затоа апелираме на сите да ги почитуваме мерките кои се уште се во сила, а тоа е носење на заштитна опрема, одржување дистанца и однесување по протоколите што ги утврдува Комисијата за заразни болести, рече Спасовски, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по владината седница на која беше најавено олабавување на рестриктивните мерки за коронавирусот.

Доколку се почитуваат мерките, како што рече Спасовски, немаме опасност дека ќе дојде до ситуација на повторно зголемување на брјката на вирусот. Затоа уште еден апел до граѓаните да ги почитуваме мерките, рече Спасовски.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски час уште вечерва, угостителите ќе почнат да работат од задутре

Државниот карантин се заменува со домашна изолација со негативен тест на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Електронска комуникација меѓу Јанакиески и Канческа-Милевска презентирана на судењето за „организаторите на 27 април“

Редакција

Русковска раскажува за родителите, кои ги спомнува и во апелот за помош од САД и ЕУ

Редакција

Сите детали: Кои се условите за патување во Грција до 24 мај

Редакција