еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ако изгубат на изборите, Силјановска и Река ќе останат професори, Пендаровски ќе се повлече од политика

На новото соочување на телевизијата Алсат М, тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река беа прашани и што ќе прават ако изгубат на престојните избори за претседател на државата.

Силјановска и Река одговорија дека ќе им се вратат на студентите, а Пендаровски рече дека ќе се повлече од политика.

„Нема да биде крај на светот ако не победам. Имав можност овие три недели да ја претставам мојата визија за оваа држава, да ја претставам мојата политичка филозофија. И јас не сум на улица, ако не победам се враќам на мојата професија на универзитетски професор каде што се чувствувам многу комотно“, рече Река.

Дополнително, рече дека не се гледа понатаму во политиката.

Силјановска, освен на професорската работа, рече дека повеќе време ќе посветува и на јогата и рокенролот.

„Готово со политиката ќе биде. Доста беше. Ќе им се вратам на студентите. Ќе комбинирам со јога и рокенрол, а на оној кој ќе победи ќе му го понудам моето знаење од оваа сфера„, одговори Силјановска, која ја прашаа и дали ќе посвети повеќе внимание на јогата.

Пендаровски, кој беше и прашан дали ќе чека полицијата да му прогледува низ прсти кога ќе биде сопрен за брзо возење (се алудираше на неговата изјава на еден од митинзите), најави повлекување од политиката, бидејќи му е ова втор пат да се кандидира за претседател.

„Ако не успеам овој пат се повлекувам од политиката, затоа што немам повеќе нерви да се обидувам ако моите концепти не поминуваат. Едвај чекам како претседател полицијата стварно да ме казни, бидејќи тоа ќе биде сигурен доказ дека Македонија е правна држава„,рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски добил покана за заедничкото интервју со Река и Силјановска

(ВИДЕО) Силјановска во заедничко интервју со Река, Пендаровски го нема

(Фото) Силјановска-Давкова на кафе во штабот на Река

Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Ѓорги Филипов, еден од кандидатите за претседател на државата од СДСМ

Редакција

Браво за храброста: Најголемото бебе мајката го родила по природен пат

Редакција

Можно ли е повторно одложување на пописот: Што пишува во законот кој „дреме“ во Собранието?

Никола Осило