еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако кажев дека Катица е виновна или дека Фросина земала пари ќе ме пуштеа, вели Боки 13

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки13 уште еднаш побара неговиот притвор да се замени со поблага мерка поради влошената здравствена состојба, но и рече дека доколку постапел како осудениот во случајов, Зоран Милески-Кичеец и кажал дека поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева е виновна или дека поранешната пратеничка и потпреседателка, Фросина Ременски земала пари ќе го пуштеле од привор.

Тој реагираше и на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која рече дека е против негово пуштање од привор, бидејќи бил уапсен при обид за бегство на граница, а не во библиотека.

Боки 13 рече дека одел на седумдневен одмор во Грција и дека е лага дека сакал да бега и дека возел 200 на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Димишков на судењето за „Рекет“: Камчеви сакаа да ме искористат

Боки се налути за снимките на Кичеец, ќе ја отвори ли Пандорината кутија?

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за случајот „Меѓународен сојуз„: Боки 13 обвинет за измама, Ременски дека му помагала во измама

Ременски е пак осомничена во случајот „Меѓународен сојуз“ или познат во јавноста и како „Рекет 2„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тајните снимки за „Рекет“ откриваат дека Боки 13 ја посетувал Јанева во нејзиниот дом

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога и каде Заев ќе оди на одмор

Редакција

Пациенти од донор добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Редакција

Промени во акционерската структура на ЗК Пелагонија: Нова Агро Инвест стана сопственик на 9,86% од вкупниот број на акции

Редакција