еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ако може да се смени името на државата, може и ДУП-от за Аеродром

Сосем е разбирлив револтот на голем број граѓани жители на Аеродром, но и од другите населби на Скопје кои вчера излегоа на протест со барање да се стопира изградбата на голем станбен комплекс на зеленилото кај Мајчин дом.

Уште поразбирливо е што граѓаните бараат оставка од градоначалникот Златко Марин кој во изборната кампања вети дека ќе ја стопира изградбата на овој објект и врз база на тоа ветување беше избран на функцијата.

Сепак, откако стана градоначалник тој заборави на ветувањето и продолжи да работи како своите претходници.

Ваквото флагрантно кршење на дадениот збор само покажува дека нашите политичари немаат ниту тронка чест и доблест да останат на дадените ветувања.

Попусти се какви било оправдувања на Марин и на општинската администрација во Аеродром дека не можат да го менуваат Деталниот урбанистички план и дека мора да се придржуваат кон договореното со инвеститорите.

Марин треба да знае дека во моментов власта предводена од неговата матична партија СДСМ почна процес на менување на името на државата. Ако може да се менува Уставот за од утре нашата земја да се вика Северна Македонија, нема сомнеж дека постои механизам за промена на ДУП-от за Аеродром.

Фото:Фејсбук/Сакаме Аеродром да дише

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Граѓаните се обидоа да ја тргнат оградата кај Мајчин дом во Аеродром

Почна изградбата на висококатницата кај Мајчин дом: Аеродромци бараат оставка од градоначалникот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот ги „скастри“ буџетските приходи

Редакција

Лени Кравиц се враќа во Македонија, на 4. август ќе има концерт во Охрид

Редакција

Судење за „Софтвери“: Вештак сведочеше дека софтверот што Рашковски го набавил за МВР не функционирал

Редакција