еМагазин
Image default
Македонија

Ако некој предмет од СЈО отворен надвор од рокот стигне до Врховен суд, тој ќе ја укине пресудата, најави Вангеловски

Доколку има барање за носење на начелно правно мислење Врховниот суд мора да постапи по тоа барање. Законот е јасен, рокот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е истечен, а начелно правното мислење е задолжително за Врховниот суд и ако дојде до жалба од странката до Врховниот суд тој ќе мора да ја укине пресудата заради донесеното мислење, рече во емисијата Топ тема на телевизијата Телма, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Рече дека не ја смета како негова одмазда донесената одлука заради наводите во еден од извештаите на СЈО дека тој непрофесионално и несовесно ја вршел својата функција и оти не чувствува ни морална одговорност да се извини, бидејќи со самото тоа што не е поведена постапка значи дека тоа има само карактер на озборување.

„Не може да биде моја одмазда, бидејќи се работи за начелно правно мислење на општата седница на Врховниот суд кое ни малку не го засега СЈО. Тоа е мислење донесено од страна на највисокиот орган на Врховниот суд што ги обврзува неговите совети, а она што треба да го работи тоа обвинителство го работи врз основа на законски овластувања.

Ние само предупредуваме да не настанат поголеми штети, од оние што евидентно досега се направени со постапувањето вон од овластувањата и да не се нанесат ниту материјални, ниту, пак, она што е уште потрагично да се продолжи со некакви активности што ги загрозуваат правата на граѓаните, рече Вангеловски.

Тој посочи дека начелно правното мислење не е одлука со која се запира работењето на СЈО или  се наложува нешто, туку се дава за обезбедување единство во примена на законите од страна на судовите.

„Законот е јасен, рокот е истечен и токму затоа општата седница на Врховниот суд безмалку едногласно ја констатира таа состојба. Ние не забрануваме никому ништо. Доколку Кривичниот суд донесе пресуда за некој предмет од СЈО отворен после рокот и осудениот се жали до Апелацискиот суд, а потоа жалбата стигне и до Врховен суд, тогаш Врховниот суд ќе ја укине пресудата“, рече Вангеловски.

Нагласи оти нема чувство дека со несењето на начелно правното мислење поголем број на предмети би застареле.

“Доколку СЈО не може да постапи има овластен тужител во оваа држава има јавно обвинителство и јавно обвнителска служба која е дел од системот, а СЈО е надовор од системот. Врз основа на политички договор донесен е закон со кој се врши упад во системот и се формира еден орган со специфични овластување и специфичен определен рок на траење во кој треба да постапува по одредени предмети. СЈО постапува по тие предмети и во тој рок од пет години за кој е формирано тоа обвинителство треба да се потруди да направи се што е во нивна моќ да ги заврши предметите по кои покренало обвинение“, рече Вангеловски.

Според него, нема ништо што би наликувало на некаков политички договор кога станува збор за одлучувањето на општата седница на Врховниот суд и не се чувстува искористен од политичарите што изгледа како да им ја завршиле работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Јово Вангеловски

За тоа што СЈО е пред свршен чин, главни виновници се СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а не Врховен суд

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Вучиќ и Рама бараат поддршка од Берлин за Отворен Балкан

Редакција

Ќе има и митинзи и посети од врата на врата, а ќе гласаме со маски, готов е протоколот за изборите

Редакција

Апасиев: Со право се отфрлени 1.500 приговори на Левица, оти си игравме „дрндупки“ за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото

Редакција