еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери

За само неколку дена нова скандалозна изјава на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи. 

Во своето обраќања по вчерашниот нов обид за негова смена од челната позиција на ИВЗ, на прес конференција порача дека не ја жали судијката, која донела одлука нов поглавар да биде Скендер Бузаку.

„Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Не ја жалам, таквите нека починат“, изјави Реџепи и доби аплауз и одобрување за кажаното од присутните околу него.

Само пред неколку дена, пак, македонскиот народ го нарече див и без идентитет.

„Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, изјави Реџепи, за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија.

Со оваа изјава Реџепи го крши членот 391 од Кривичниот законик, според кој не е дозволено предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

А Реџепи, не е било кој, туку поглавар на цела една заедница, па неговите изјави уште посериозно треба да се сфатат од надлежните институции.

Ако тој си дозволува вака да се однесува јавно, Бог знае што прави зад камери.

Од Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе го анализираат неговиот говор во кој никој нема дилема се шири говор на омраза, ама до сега нема информација што заклучиле овие институции.

Владата пак срамежливо ја осуди неговата скандалозна изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ, Реџепи за судијка, за која доби аплауз: Не ја жалам, таквите нека починат

За лидерот на ИВЗ, македонскиот народ е див и нема идентитет, институциите молчат за говорот на омраза

Поглаварот Реџепи ја обвини Владата и државните органи дека се насочени против ИВЗ

Нов обид за смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со судско решение и полиција

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма, Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М се обединија во ММА Медиуми

Никола Осило

Твитер „поцрвене“ за случајот Богоевски: „А зошто набавувал Павле на црно кога има наше легално масло“

Никола Осило

Смртна закана кон сопругата го спречила Јанчев да гостува во телевизиска емисија

Никола Осило