еМагазин
Image default
Балкан

Ако си купат нови авиони, Бугарија ќе го заштити воздушниот простор на земјава со „Ф-16“

Бугарија, која е членка на НАТО, може да и помогне во заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија, ако склучи договор за купување осум авиони Ф-16 од САД, изјави премиерот Бојко Борисов.

Новинската агенција БГНЕС пренесува дека Бугарија, која е исто така членка и на ЕУ, се обидува да ги замени своите стари МиГ-29 и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент одобрил евентуалната продажба на осум авиони Ф-16 и слична опрема за Бугарија, по цена од 1,67 милијарди долари. Сепак, Бугарија очекува САД да понудат на продажба авиони по намалена цена од 1,2 милијарди долари.

-Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела, да го чуваме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони. Ова ќе биде добро и за нив и за нас, изјави Борисов.

Официјалниот американски предлог за продажба на борбени авиони F-16 во Бугарија се очекува да пристигне во рок од една недела, објави вчера бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

Очекуваниот договор за F-16 Блок 70 на Локхид Мартин ќе биде најголемата воена набавка на државата на Црното Море од крајот на комунистичката власт во 1989 година.

Како што пренесува БГНЕС, Северна Македонија се надева дека ќе стане 30. членка на НАТО следната година и, исто така, очекува наскоро да обезбеди датум за почеток на преговорите за пристапување со ЕУ по договорот со Грција за промена на своето име од Македонија.

Атина претходно ги блокираше напорите на поранешната југословенска република да се приклучат на двете организации.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ одат во вториот круг

Редакција

Нова демократија, како влада, ќе преговара за нов договор со Македонија

Редакција

Со години чекаме пред вратата на ЕУ и секој ден има по некоја „тешка историја“, вели албанскиот премиер Рама

Редакција