еМагазин
Image default
Македонија

Активни пожари: Гори на целата територија на државата

Центарот за управување со кризи информираше за сктивни пожари на отворен простор до 13.00 часот.

Скопски регион
Пожарот на м.в.Љуботенски Бачила е активен, од ЕЛС Бутел е побарано ангажирање на авионите на ДЗС.

Кумановски регион
Од утринските часови вработени од ШС интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на с.Живиње (опш.Куманово) – с.Сушица (опш.Петровец). Во интервенцијата учествуваат и ТППЕ Куманово.

Струмички регион
Активен пожар има во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кој опожарена е мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу 5 хектари. Интервенираат вработени од ШС Беласица – Струмица и ТППЕ Струмица.

Охридски регион
Во општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на с.Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека. Од утрово интервенираат вработени од ШС Сандански – Македонски Брод.
Пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово се ставени под контрола.

Велешки регион
На територијата на општина Чашка има два активни пожари и тоа: Во атарот на с.Црешнево каде интервенираат ШС Бабуна – Велес и ЈКП Тополка – Чашка и во атарот на с.Мокрени каде интервенираат од ШС Бабуна.

Штипски регион
Во општина Кочани, пожарот кај с.Пресека (близу манастирот) сеуште е активен и опожарена е борова шума. Интервенираат од ШС Осогово – Кочани, од Шумска полиција и ТППЕ Кочани.
Во општина Берово, пожарот кај с.Владимирово каде гори папрат и дабова шума е се уште активен. Интервенираат од ШС Малешево, месно население и од шумската полиција.

Тетовски регион
Пожарот кај с.Седларево е локализиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Командирот на противпожарната единица Скопје, Кочовски: Сите пожари се подметнати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме правда, а не амнестија за 27.април

Редакција

Поради фрактура на коленото на на Миле Јанакиески, одложено судењето за „Шпански скали“

Редакција