еМагазин
Image default
Македонија

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во затвор го лекуваат со сол и газирана вода, тврдат неговите адвокати

Адвокатскиот тим на бизнисменот Орце Камчев, кој моментално е во притвор во КПУ Затвор Скопје, тврди дека неговата здравствена состојба е алармантна.

„Денес, при редовната посета на Камчев, од страна на дел од неговиот правен тим повторно е констатирано она кое изминатите неколку недели се потврдува, дека здравствената состојба на Камчев е исклучително алармантна, континуирано се влошува и во КПУ Затвор Скопје нема соодветни услови за третирање на истата.

Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка, но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата.

Првично, денес во текот на утрото Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот „медицински тим„ констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето.

Потоа, во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70.

Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа, бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба.

Од затворскиот „медицински тим„ оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода.

Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на Камчев.

Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките.

Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек“, велат од неговиот адвокатски тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Камчев му се влошила состојбата, повторно бил однесен на Клиниката за кардиологија

Почна судењето за случајот „Плацеви на Водно“: Обвинети се Груевски, Мијалков, Камчев, Јосифовиќ

Камчев е со влошена здравствена состојба, а репресијата врз него и понатаму продолжува, реагираат неговите адвокати

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови судски рочишта за „Топлик“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Странците ќе плаќаат исто како и македонските граѓани за приватно лекување во јавното здравство

Редакција

Обвинение за сопственикот на порталот „Доказ“, формиран и нов предмет

Редакција