еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Алармантно: Мијалков е трет висок разузнавач во бегство

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е трет македонски разузнавач и досега од највисок ранг, кој последниве неколку години е во бегство.

Како и во претходните случаеви со ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски и неговиот соработник од УБК, Никола Бошкоски, институциите си ја префрлаат одговорноста едни на други, а засега не се ни знае дали Мијалков е во земјата или е веќе некаде во странство.

Само да потсетиме дека за бегството на Грујевски и Бошкоски не одговораше никој. Дали некој ќе понесе одговорност за Мијалков останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков ги „закопа“ СДСМ и ДУИ: Без оставки во Владата ќе профитираат Левица и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години

Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков

Македонија како швајцарско сирење

Освен што никој не одговара за вакви сериозни пропусти на институциите, бегствата на овие три лица ја прават Македонија како швајцарско сирење во делот на разузнавањето.

Можеме само да препоставиме со какви се информации располага Мијалков и со кој се може „тргува“ за истите.

Случајот на Грујевски и Бошковски покажува дека сензитивните информации со кои располагаат овие лица и те како можат да помогнат за нивните бегства и тешкото лоцирање.

На Грујевски и Боковски им се изгуби трагата

Мијалков, Грујевски и Бошковски се обвинети во споениот предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Таргет-Тврдина„ случајот кој се однесува на масовното прислушување, кој треба да покаже кој го спровел истото, но и да докаже кој ја уништил опремата со кое се правело.

Последната информација од Грција каде што Грујевски и Бошковски беа фатени со фалсификувани патни исправи е дека тамошните институции неможат да ги лоцират.

Истата информација во октомври минатата година ја потврди и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Додека во Грција траеше судскиот процес против нив за фалсификуваните патни исправи со кои беа фатени во Грција, тие се бранеа од слобода, а македонските власти неколку пати побараа нивна екстрадиција, но од истата засега нема ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стејт департмент: Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков

Русковска ја отфрла можноста дека информацијата за притворот на Мијалков протекла од Обвинителството

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник Ковачев: Григор Прличев е Бугарин, нема простор за компромис

Редакција

6 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Турција прогласи седумдневна национална жалост, бројката на загинати во земјотресот заедно со Сирија се зголеми на 2.600

Редакција