еМагазин
Image default
Балкан

Албанија целосно се отвора до крајот на мај

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави целосно отворање на Албанија до крајот на овој месец, додавајќи дека земајата почнува со подготовка за туристичката сезона.

– Во текот на месец мај, нашата земја ќе биде целосно отворена. Албанските граници ќе бидат отворени. Ќе почнеме да се подготвуваме за туристичката сезона, рече Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница на парламентот во Тирана.

Тој не ја отфрла можноста од втор бран на пандемијата со Kовид19.

– Можен е втор бран на пандемијата, а доколку тоа се случи тој ќе биде потежок од оној низ кој поминавме. Дури и за нас, ако се повторат работите, мора да се соочиме со сериозноста, како што и се соочивме, рече тој.

Од понеделникот во Албанија стапи во сила втората фаза од олеснителните мерки, со кои по повеќе од два месеца, се отворени баровите, рестораните, кафулињата, музеите, библиотеките.

Во 56 од вкупно 61 општина, кои се нарекуваат зелени зони, целосно е укинат полицискиот час, додека во останатите пет црвени зони Тирана, Драч, Скадар, Круја и Курбин почнува во 21:00 и трае до 5:00 часот.

Засега во сила сè уште е забраната за јавниот превоз, одржување спортски и културни настани, а затворени и понатаму се копнените и воздушните граници за движење на граѓаните.

Инаку, албанската Влада, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена, додека албанскиот Парламент истата ја продолжи до 23 јуни.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли одморот во Грција поевтин?

Сите детали: Без тест и карантин од 15 јуни Грција ги отвара вратите за туристите од Балканот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка, Словенија воведе карантин за сите кои доаѓаат од земјава

Редакција

ОН: Тачи, Харадинај и Пацоли не се поканети на Генералното собрание, приватно се во Њујорк

Редакција

За бриселски „Политико“ Бугарија е мафијашка држава

Редакција