еМагазин
Image default
Балкан

Албанија доби СЈО

Со давањето заклетва пред шефот на државата, Илир Мета, денеска и официјално почна со работа Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК).

Него го сочинуваат девет обвинители, а прв човек на институцијата е Арбен Краја, со мандат од три години.

На свеченоста присуствуваше и спикерот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, евроамбасадорот Луиџи Сореца, како и странски дипломати.

Краја во својата прва изјава упати апел до граѓаните да имаат целосна доверба во сите членови на СПАК дека најсовесно ќе ја извршуваат зададената задача и додаде дека треба да се плашат „оние кои го прекршуваат законот“.

Тој не кажа со кое досие институцијата ќе ја почне работата, каде се верува дека има 160 досиеа.

Нагласи дека е потребна поголема соработка со меѓународните партнери за промена на негативното мислење кое тие го имаат за албанските институции.

Формирањето на оваа институција го поздрави евреомбасадорот Сореца, кој меѓу другото на социјалните мрежи напиша дека: „ова е значаен ден за реформата во правосудството“ на Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ердоган пристигна во Србија: Српската традиција и протестот на таксистите главен декор за пречек

Редакција

Одлуката за Македонија да помине низ Националното собрание договорија коалициските партнери во бугарската Влада по вонредниот совет

Редакција

Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани

Редакција