еМагазин
Image default
Балкан

Албанија го ограничува движењето преку граничните премини „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Почнувајќи од 6 часот утре заклучно со 15 март до 24 часот ќе биде ограничен влезот и излезот за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија кои ќе патуваат преку граничните премини „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“, соопшти Министерството за внатрешни работи по претходно добиено известување од албанските погранични служби.

„Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Драч, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона“, појаснуваат од МВР.

Тие биле известени и дека ќе биде дозволен излез на државјани на Албанија кон земјава во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини. Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот Албанија забрани меѓуградски сообраќај

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 117 лица

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватски лекари заразени од коронавирусот криеле дека биле на скијање во Австрија

Редакција

(Видео) Трактори од цела Грција ја „окупираа“ Атина, жителите ги дочекаа со аплаузи

Редакција

Каменос повикува на масовни оставки на пратениците за да се блокира ратификацијата на Договорот од Преспа

Редакција