еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанија станува пречка за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ?

Може ли нашата земја да не добие датум за преговори за членство во Европската Унија е теза која од ден на ден добива на значење посебно по вчерашната расправа за ова прашање во германскиот и во холандскиот парламент.

Се почесто може да се чуе дека ЕУ сака Македонија и Албанија да ги почнат преговорите во пакет.

Имено, на вчерашната расправа во Комитетот за европски прашања на холандскиот парламент, министерот за надворешни работи Стеф Блок изјави дека владата ја остава отворена вратата за датум за преговори на Македонија со ЕУ, додека за Албанија нема интерес.

„Албанија има уште долг пат што треба да го изоди. Македонија презеде добри чекори, но тие сè уште не се таму“, изјави Блок пред Комисијата.

Според него, уште нешто треба да биде направено во Македонија во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Вчера, исто така во германскиот парламент се расправаше за ратификација на Протоколот за членството на Македонија во НАТО. Пратениците го ратификуваа Протоколот, но тоа прерасна во жестока расправа по прашањето околу проширувањето на ЕУ.

Според дел од пратениците, германската канцеларка Ангела Меркел е против почеток на преговорите, додека гемрнаското МНР е за. Дел од германските медиуми пенесуваат дека и во Германија има струи кои сакаат нашата земја и Албанија во пакет да го продолжат евроинтегративниот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот парламент го ратификува македонското членство во НАТО, „жолчна“ расправа и за ЕУ

Заев: Ќе го вратам мандатот ако нема датум за преговори со ЕУ

(Фото) Се чувствува страв во воздухот од нова „корпа“ од ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ќе се случи ако Украина влезе во НАТО?

Редакција

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Редакција

По таа за Димитров, Мицкоски најави интерпелација и за министерот Спасовски

Редакција