еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално

Според албанската полиција, поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој со цел да ја избегне затворската казна побара азил во Унгарија, „во Албанија несомнено влегол нелегално пеш“, пренесува БТА.

Според изјавата на портпаролот на албанската полиција Гентиан Мулаи, дадена за АФП, Груевски во Албанија несомнено влегол нелегално пеш, посочувајќи дека неговиот влез не е регистриран на ниту еден граничен контролен премин меѓу Македонија и Албанија.

Мулаи посочува дека „за да не привлече внимание, Груевски границата меѓу двете земји требал да ја премине пешки, дали кај Преспа – Југоисточна Албанија, дали преку Дебар – Североисточна Албанија“.

Како што синоќа јави МИА, Албанија официјално потврди дека Груевски за Унгарија заминал преку Албанија.

Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција наведе дека Груевски Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница. Албанската полиција соопшти дека тој ја напуштил Албанија во 19.11 часот, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана.

Беше наведено дека, истиот ден кога поранешниот македонски премиер бил на територијата на Албанија, не постола потерница од Македонија или Интерпол. Сепак, албанската полиција синоќа не соопшти ништо во однос на тоа преку кој граничен премин Груевски влегол на албанската територија.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му помогнал на Груевски да влезе нелегално во Албанија?

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Кабинет на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре двочасоен протест на вработените во Пошта

Редакција

Ахмети: Сите на див начин, како волци, организираат пропаганда против ДУИ

Редакција

Топ пет највисоки плати

Редакција