еМагазин
Image default
Македонија

Александар Василевски Нинџа: Ми се закануваа лица блиски до Митко Чавков

Обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година и нивните адвокати денеска на вториот ден од тридневната јавна расправа пред Апелацискиот суд во Скопје, продолжија со образложение на поднесените жалби за пресудите по предметот.

На почетокот обвинетиот Александар Василевски Нинџа го извести Судот дека, денеска додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на Митко Чавков.

„Лица кои беа во придружба на сопругата и на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска додека бев спроведуван во Судот. Чавков директно ми се закани и на денот на изрекување на пресудата“, изјави Нинџа.

Меѓу 16-те обвинети кои со првостепената пресуда од март минатата година беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок” се поранешниот директор на Бирото за јавна безбеднист, Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање.

Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, на денешната јавна седница рече дека случајот е неодржлив, бидејќи во сред постапка имало амнестија на дел од првично обвинетите, како и дека за истиот настан веќе имало друг случај што бил побрзо процесиран и каде обвинетите поминале со бенигно обвинение.

Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април“

Спасовски за насилствата на 27 април: Вељаноски не прифати да се расправа за избор на претседател на Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен суд: Неетички е да се коментира пресудата за собраќајната несреќа кај Млечен

Редакција

Македонија напредна од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“

Редакција

Од Ковид-19 починале 21 лице, само едно е без коморбидитети

Редакција