еМагазин
Image default
Интервју

Александра Антовска, Cashback: Привилегија е да се работи за најголемата меѓународна шопинг заедница

На работно место – како дома. Или, како што вели маркетинг-менаџерот на компанијата Cashback World во Македонија, Александра Антовска, работното утро го доживува со исто толку големо задоволство, како кога почнува викендот.

Таа е една година во оваа компанија на оваа позиција, но веќе со полни раце работа, секојдневно придонесувајќи за промоцијата на компанијата, но и за промоцијата на Трговските партнери со кои што соработува Cashback.

Со неа разговаравме на тема новостите на компанијата и предизвиците на работното место.

Издвојте една работа што највеќе ве исполнува во Cashback World? Нешто карактеристично за вашата работа, или пак компанијата…

– Најпрво чест е и привилегија да се работи и да се биде дел од најголемата меѓународна шопинг заедница, и поради тоа е и многу тешко да се издвои само една работа којашто ме исполнува при работењето во мојата компанија.

Но, веќе кога морам да издвојам,би го издвоила задоволството од тоа што постојано им нудиме на членовите атрактивни и примамливи шопинг придобивки во форма на Cashback, но и шопинг поени кои подоцна можат да ги искоритат како зделки кај Трговските партнери. При постојано користење на картичката секогаш добивате.

Или во кратки црти, работам во комапнија која што ги прави двете страни во трговијата среќни, win-win ситуација, во која што купувачот добива предности за лојалност,  а трговецот се здобива со лојални потрошувачи и маркетинг. Гледам секогаш Трговските партнери да бидат изрекламирани во најдобро светло и да бидат задоволни од услугата.

Што ве мотивира на вашето работно место? Што е тоа што ве буди секое утро и поттикнува да појдете на работа?

– Бидејќи одењето на работа е дел од секојдневието и знаеме дека ни одзима добар дел од денот, многу е важно работата и работното место да ги доживувате како задоволство и секогаш да бидете исто онолку среќни кога почнува работниот ден, како што сте среќни во моментот кога започнува вашиот викенд. Токму тоа го доживувам во оваа компанија.

Секое работно утро, кога ќе се разбудам знам дека ме чека нов возбудлив ден со нов предизвик на работното место, а едноставно обожавам предизвици и тоа е главниот фактор што ме мотивира на работното место. Сепак, ова се случува само кога веруваме дека можеме да се справиме со предизвиците и кога знаеме дека раководството има доверба во нас и нашата способност да го направиме тоа успешно.

Исто така, голема мотивација за мене се моите колеги. Многу е битно да се работи заедно во тим и да се создаде пријателски однос, бидејќи тоа ни помага да се запознаеме себеси и создадеме исклучетелно добра работна средина. Таквото опкружување поттикнува нови идеи и иницијативи, и е предуслов за долгорочна мотивација и посветеност на работата.

Опишете еден типичен работен ден во Cashback World?

– Како што веќе напоменав,во Cashback World секогаш ве чека нов предизвик и навистина се восхитувам на разноликоста на задачите кои што ги добивам секојдневно.Секогаш треба да се работи плански, постојано имаме нови Трговски партнери кои што треба да се промовираат. За секој нов Трговски партнер одиме со целосна кампања, каде што ги запознаваме нашите членови со новите Трговски партнери.

Се испраќаат newsletter-и до членовите за секој нов Трговски партнер, се рекламираат на социјалните мрежи и на нашата официјална веб страна. Секако, доколку имаат разни промоции или попусти ги известуваме членовите за истото. Така добиваат double, попуст, Cashback и шопинг поени. Кој не би уживал во ваков шопинг?

Моментално се фокусираме повеќе на таканаречениот eVoucher кој се купува преку нашата мобилна апликација, се креира брзо и едноставно, а воедно Cashback-от и шопинг поените се добиваат веднаш. Постојано ни се зголемува порастот на Трговски партнери на eVoucher меѓу кои се: Веро, Џамбо, Магнетик, Аџибадем Систина, Адидас, Sport Vision, Гранап и многу други. Исто така, како поддржувачи на Greenfinity Foundation и Child & Family Foundation,  во моментов спремам една голема хуманитарна акција во која што ќе имаат можност да учествуваат сите членови и искрено се надевам дека ќе ја организирам како што треба, бидејќи го вложувам максимумот од себе.

Дали и самите ги користите поволностите на Cashback World? Ако да, што најчесто пазарувате со вашата Cashback картичка ?

– Секако дека ги користам. Обожавам да пазарувам со мојата Cashback картичка, знаете кога ќе ја стекнете навиката да пазарувате со неа, потоа никогаш нема да сакате да се разделите. Најчесто ја користам во рестораните и кафулињата, додека кога пазарувам со eVoucher, тоа најчесто го правам во Веро или Sport Vision. За секое мое патување си резервирам преку Booking, а морам да признаам дека во последно време Zaful ми е омилена продавница за оналјн шопинг.

Користењето на поволностите на Cashback World ви дава уникатно искуство и многу поволности и услуги при пазарувањето. Им препорачувам на сите да ја користат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивица Јанев: Воздух, вода и правилна исхрана се клучни фактори за здрав и квалитетен живот

Редакција

Азески: Македонската држава ќе опстои не затоа што прави што треба, туку затоа што меѓународните околности се такви

Редакција

Мукаетов за српски Профит: Продолжуваме да работиме на глобализацијата на брендот „Алкалоид“

Редакција