Тричлениот судиски совет на скопска Апелација, на денешната јавна објава на пресудата за тужбата за клевета и навреда на Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски, соопшти дека тужбеното барање на тужителите се одбива, пренесува А1он.
Судот ја прифати жалбата на Богоевски и ја преиначи пресудата за клевета и навреда.
Апелација предметот го судеше по втор пат. Ахмети и Џафери имаат право на ревизија до Врховниот суд.
Во сведочењето пред американскиот суд, Богоевски, меѓу другото, потврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона денари. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90.000 евра, но се откажаа од надоместокот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.