еМагазин
Image default
Македонија

Алијанса на Албанците: ДУИ не само што не можат да обезбедат економска благосостојба, туку им ги крадат парите на пензионерите

Корумпираните функционери на ДУИ не само што не можат да обезбедат економска благосостојба, туку им ги крадат парите на пензионерите, се вели во соопштението на Алијанса на Албанците по повод скандалот кој го откри Министерство за труд и социјална политика.

„Последниот скандал за криминал и корупција на високи функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, е тој што го откри Министерството за труд и социјална политика во врска со злоупотребата на придонесите во Пензискиот фонд на РМ за 12.000 вработени во јавниот и приватниот сектор, во периодот 2007-2018 година.

Парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените кои не се префрлени во вториот столб на пензиско осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ кои 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање на пари за пензиски придонес, сведочи за алармот и постојаните реакции на Алијансата за Албанците дека оваа влада ја има коалиционен партнер  ДУИ која што тоне во корупција и организиран криминал.

ДУИ, преку свои директори во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои раководеле со оваа институција повеќе од една деценија, ги оштетиле граѓаните за 19 милиони евра, пари наменети за вториот столб пензиско на осигурување“, се вели во соопштението.

Во него, тие ја потсетуваат јавноста дека во овој период, со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување раководеле следните директори на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зендели.

Според Алијанса на Албанците тие заедно со нивните блиски соработници „час поскоро треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна.“

„Овој скандал, кој е само еден од многуте досега неоткриени скандали, потврдува дека ДУИ веќе 16 години преку свои функционери ги крадела своите граѓани, дури крадејќи им ги и нивните пензии, непростливо кривично дело кое не може да се толерира. Го прашуваме премиерот Зоран Заев, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени  земјава во ЕУ и НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ кои стојат во Извештајот за напредок од 2018 година, каде што главна точка е борбата против корупција?

Сигурни сме дека албанските гласачи кои гласале за ДУИ, гласале за да нивниот субјект обезбеди економска благосостојба, а не функционерите на ДУИ да ги злоупотребат и да ги крадат парите од пензионерите. Затоа, овој политички субјект мора да се казни што е можно поскоро. Го охрабруваме Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, судовите и финансиската полиција, што е можно поскоро да го истражат овој, а и многу други случаи на претставници на ДУИ и ВМРО, но и на СДСМ, за сите финансиски злоупотреби, корупција и организиран криминал за кои што веќе и јавноста е запозната“, се додава во соопштението.

Фото: Влада

ПОВЗРАНИ ВЕСТИ

Скандал со пензиите: МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределба на парите

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски и Пахор ги гледаа македонските специјални сили во акција во Охрид

Редакција

Убава вест: Оздравени 51 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Се замори главниот сведок: Прекинато судењето за „Монструм“

Редакција