еМагазин
Image default
Македонија

Алијанса на Албанците: Владата и МВР да сносат одговорност за театарот со апсењето на Груевски

Во врска со пласираните информации за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, Алијансата за Албанците го повикува Министерството за внатрешни работи, што поскоро да излезе со официјално соопштение со кое ќе ги потврди или демантира пласираните информации во јавноста.

„Владата и МВР да водат сметка и сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски. Јавно ја прашуваме Владата на Република Македонија и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за оваа бегство?

Владата на Република Македонија да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава“, се вели во соопштението на Алијанса на Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Џолев: Обвинителството во ниеден момент не побара притвор за Груевски

Министерството за правда: Барање за екстрадиција за Груевски, ако биде потврдено дека избегал во Унгарија

Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не

Фото: Фејсбук/Зијадин Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МКД: Обвинителите за „Рекет“ најмногу информации добиле од Стефанова и Кичеец

Редакција

Меѓу нив и Фатиме Фетаи: На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени тројца кандидати

Редакција

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција