еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците: Ако дојде каков било предлог за влез во Владата, ќе составиме конкретна платформа со барања

Сè уште немаме конкретна понуда од извршната власт за можно вклучување во Владата, но доколку добиеме каква било понуда ќе составиме конкретна платформа со барања, како одговор до извршната власт, велат од Алијансата за Албанците во изјава за МИА.

– Сè уште немаме конкретна понуда, ниту разговори. Има сигнали, сте ги слушнале и самите владини претставници дека се заинтересирани.

Но, доколку дојде до некакво барање или предлог за наше вклучување во Владата, ќе составиме конкретна платформа, владејачка програма со точки кои ние цениме дека се важни за граѓаните и државата и ќе ги презентираме како одговор.

Доколку се согласат да ги направат тие промени, проекти, напредок, ќе го разгледуваме преземањето одговорности, а ако не, тогаш ние не сме за други пазарења, потенцираат од Алијансата за Албанците.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три новозаразени и три лица оздравени од Ковид-19 во Кичево

Редакција

Времето денеска сончево со температура до 23 степени, повремено ќе има засилен ветер

Редакција

Со Украина преговараме за воена неутралност, вели рускиот министер за надворешни, Лавров

Редакција