еМагазин
Image default
Македонија

Алијансата за Албанците бара Заев да го разреши Османи

Алијансата за Албанците бара премиерот Зоран Заев веднаш да го разреши вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага против него за злоупотреба на државни пари во 2010 година, кога беше министер за здравство, наречена „Пациент“.

„Бујар Османи повеќе неа морален легитимитет да ја води агендата за европски интеграции, ниту стратегијата на владата за спроведување на приоритетите на итни реформи за ЕУ кои произлегуваат од Пржинскиот договор, кои во главно се однесуваат на реформите во секторот за правда и борбата против корупција.

Покрај тоа, неговото понатамошно вршење на функцијата сериозно би и наштетил на независноста на судството, имајќи го во предвид високото ниво на политичко мешање во судството, наведени и во сите неодамнешни независни проценки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент. Османи треба веднаш да биде разрешен за да им овозможи на судиите да бидат во состојба да донесуваат одлуки без политичко мешање и притисоци“, велат од партијата.

Од партијата велат дека имунитетот којшто корумпираните функционери на ДУИ го уживаат владата на Заев предизвика значителна недоверба во судството меѓу граѓаните, како што е наведено и од страна на ОБСЕ во својот прв извештај за евалуација на работата на Специјалното обвинителство.

„Ова, како и секојдневните корупциски скандали на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неколкумина други министри, го објаснуваат во голема мерка во резултатот на референдумот од 30 септември за Преспанскиот договор, бидејќи граѓаните се повеќе чувствуваат дека новиот режим базиран врз корупција и клиентелизам го заменува стариот режим. Оваа влада веќе не е кредибилна.

Итното разрешување на Бујар Османи и другите министри осомничени за корупција треба да го отвори патот за формирање на техничка влада која ќе ги има потребните бројки за усвојување на уставните реформи неопходни за спроведување на Договорот од Преспа и остварување на целосна еднаквост на заедниците во Република Македонија, пред државата да оди на нови избори“, стои во соопштението на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По отварањето на истрага од СЈО: Заев за сега нема да бара оставка од Османи

Истрага „Пациент“ на СЈО: Меѓу осомничените и вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот Османи изненаден што СЈО отворило истрага за него

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Немам имот во САД“: Се огласи Груевски, откако САД го ставија на „црната листа„

Редакција

Вештаци сведочеа на судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Тоа што Фон дер Лајен не нарече „северномакедонци“ било лапсус, вели Османи

Редакција