еМагазин
Image default
Спорт

„Алкалоид“ со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

„Алкалоид“ со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“. Во овој меч шахистите на „Алкалоид“ покажаа најсигурна игра до сега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен.

Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0. После петото коло, во водство е екипата “Obiettivo Risarcimento” Падова, Италија со максимални 10 меч бодови. Ја следат “Medny Vsadnik” Петербург Русија и “Sk Joly Lysa nad Labem” од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до 10 место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка “Sk Joly Lysa nad Labem”, а “Obiettivo Risarcimento” игра против “Medny Vsadnik”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виз Ер Скопски маратон ќе се трча во недела со посебни протоколи за Ковид-19

Редакција

Македонија изгуби од Грузија

Редакција

Македонските ракометари загубија од Чешка

Редакција