еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид со потврдени за ЕУ сертификати за добра производна пракса

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија (JAZMP), по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на Алкалоид АД Скопје, ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP), информираат од компанијата.

Истите се обновени со важност од 3 години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и погонот за цефалоспорини согласно Директивата 2003/94/ЕС и член 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС.

“Оваа редовна инспекција и проверка на Фармацевтскиот систем за квалитет на Алкалоид АД Скопје, се изврши на сите погони во исто време од страна на словенечката Агенција за лекови и медицински средства во улога на надзорен орган.

Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари.

Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка за кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, како и хуманата програмско производна определба насочена првенствено кон крајните корисници се начелата според кои се води компанијата и ќе остане да се води во секојдневните операции, при тоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кој го практикува и спроведува во севкупното свое работење“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот да не биде погонско гориво за топланата „Скопје Север“, кога може да се користи гас

Редакција

Продолжуваат проблемите за транспортерите на граничните премини Евзони и Богородица

Редакција

МНР и врачи вербална нота на Бугарија и очекува осуда на експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија

Редакција