еМагазин
Image default
Бизнис

Алкалоид за девет месеци со инвестиции од 602,6 милиони денари и 127 нови вработувања

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2019 година на Алкалоид АД Скопје изнесуваат 602.620.282 денари, информираат од компанијата.

“Вложувањата воглавно се наменети за проширување на производните капацитети.

Во 2019 година започнаа инвестициите во новите производни одделенија што ќе се простираат на површина од 7.000 м² и кои како и останатите, ќе се изведуваат во согласност со строгите барања за Добра производствена практика (GMP).

Ова ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.

Вкупниот износ на инвестицијата е проценет на 11 милиони евра. Комплетирањето на оваа инвестиција, планирано за првата половина од 2020 година, ќе создаде услови за реализирање на околу 200 нови вработувања во сегментот Фармација.

Во периодот јануари – септември 2019 година во Алкалоид се реализирани 127 нови вработувања во Република Северна Македонија.

“Со тоа на крајот на септември 2019 година во Алкалоид АД Скопје работат 1.576 вработени додека во друштвата и претставништвата во земјата и во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.112 вработени во групацијата“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на акциите на Алкалоид од јануари до септември се движеше од 8.200 до 11.500 денари

Просечната нето плата во Алкалоид за септември изнесува 46.686 денари

Алкалоид со раст на извозот за 19% и нето добивката за 26%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на „Пари“: Кои се најголемите 10 државни загубари, кои лани оствариле загуба од 50 милиони евра!

Редакција

„Јосифов“ го доби тендерот на Апелацискиот суд Битола за набавка на автомобил вреден 32.500 евра

Редакција

„Секјурити груп сервисес“ го доби тендерот на Фондот на Холокаустот на Евреите за физичко обезбедување вреден 34.000 евра

Редакција