еМагазин
Image default
Македонија

Алсат, Канал 5, Сител и Телма ја тужат ДИК поради цените за изборното рекламирање

Телевизиите Алсат, Канал 5, Сител и Телма поднеле тужба за поведување на управен спор против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање во последните пет изборни циклуси од 16.01.2020 година.

Имено, според оваа одлука просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање во изминатите пет изборни циклуси изнесувала 1,83 евра односно 112,7 денари за една секунда.

Радиодифузерите во тужбата меѓу другото наведуваат дека оваа одлука на ДИК не е во согласност со Изборниот законик, дека при определувањето на просечната цена морало да се земе предвид дека тие имаат различен рејтинг и гледност и дека со неа им се наметнува обврска да имаат исти ценовници за платено политичко рекламирање на дневна основа.

Тие сметаат дека ќе трпат штета поради ваквата одлука и бараат од Управниот суд да ја поништи и предметот ќе го врати на повторно постапување во ДИК.

Целата содржина од тужбата ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски најавува дека ќе работи против Договорот од Преспа, ама не кажува како

Редакција

Во Тивешко 52 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Убава вест: За три дена оздравени 140 болни од Ковид-19

Редакција