еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Телевизијата Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотер на новинарството како јавно добро“, која ќе го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец, која синоќа ја додели Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

До ССНМ стигнале номинации за осум медиуми: Радио МОФ, Плус ИНФО, Фокус, Скуп, Призма, Независен, Види вака и Алсат ТВ.

За наградата одлучуваше комисија во состав Ѕвездан Георгиевски, Маја Томиќ, Маја Јовановска, Сефер Тахири и Сања Васиќ.

Главната замисла, како што кажаа од синдикатот, беше номинациите на медиумите да произлезат директно од новинарите и медиумските работници, бидејќи тие најдобро ги знаат условите во кои работат, како и вредностите за кои се залага медиумот за кој работат.

Признанието е наменето на медиум кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес, како и коректен однос кон вработените, почитување на нивните работнички и професионални права.

ССНМ наградата ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон во рамки на проектот  „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската унија.

МИА/Фото: ССНМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една магична приказна од ТРИ-„Поликсена со прасето“ од Бјанка Пицорно

Редакција

(Видео) Jапонскиот оперски првенец Котецу ја освои Битола, еве како звучат „Едно име имаме“ и „Македонско девојче„ во негова изведба

Редакција

Објавени три едиции книги и сликовници со „Стела и Сани“ во издание на Паблишер

Редакција