еМагазин
Image default
Македонија

Ел Чека осуден на една година условно, адвокатoт ќе ја обжали пресудата

Кичевскиот Основен суд му одреди условна казна затвор од една година на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, ако во наредните две години не стори ново кривично дело, објави „Алсат-М“.

Веста ја потврдил неговиот адвокат Бесник Асани, кој вели дека во оваа постапка е прекршен Кривичниот законик.

-Мислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според Кривичниот законик. Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка. Ова го знае и студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело“, вели Асани.

Во пресудата како што информираат од „Алсат-М“, пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори.

Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата, ниту од текот на постапката и дека ќе ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Фото: Фејсбук/Ел Чека

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на ДУИ, Усеини и неговиот брат се во притвор: По шест дена бегство сами се пријавиле

Редакција

Прекината потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско Езеро, ќе продолжи рано изутрина

Редакција

Во Кичево тројца новозаразени со Ковид-19, едно лице почина

Редакција