еМагазин
Image default
Техно

„Amazon web services“ влегува на македонскиот пазар и во регионот преку „Семос едукација“

„Семос едукација“ стана официјален тренинг партнер на Amazon Web Services (AWS). По тој повод, денеска се одржа промоција под име „AWS Skills Day”, која е организирана од страна на Семос Едукација со директна поддршка на AWS.

Целта на настанот е да ги информира членовите на ИТ и бизнис заедницата околу најновите AWS технологии и вештини потребни за развој на успешен бизнис, базиран на AWS решенија.

Настанот беше можност за ИТ професионалците да стекнат и да ги унапредат своите знаењата за AWS технологиите преку кои можат да ја зголемат конкурентноста на домашните компании на светскиот пазар.

„Горда сум што „Семос едукација“ успеа да биде препознаена од страна на успешна светска компанија како Amazon Web Services. Огромна чест е што ја ставаме Северна Македонија на мапата на лимитираниот број земји во Европа кои имаат AWS тренинг партнер. Преку официјалните AWS обуки ќе овозможиме квалификација на cloud инженери за кои постои огромен недостиг на пазарот на труд. Инвестиравме во професионален кадар кој ќе спроведува обуки кои се релевантни за ИТ заедницата”, изјави Валентина Тасева, сопственик на Семос Едукација.

Според министерот за информатичко општество и администрациј, Дамјан Манчевски, со оваа соработка ќе се успее да се произведат добро обучени и квалитетни кадри

„Секој поединечен успех, на секоја компанија во Република Северна Македонија, особено ако станува збор за ИТ компанија, мене лично многу ме радува. Ме радува затоа што оваа нова, четвртта револуција или дигитална трансформација, ќе не прегази ако на време не го фатиме нејзиниот тек. Целта на дигитализацијата не е само Европската унија, туку пред се за нашите граѓани. Mоторот на дигиталната трансформација не е ниту Владата, ниту институциите. Тоа се ИКТ компаниите. И затоа се радувам кога некоја компанија воведува нешто ново, го следи светскиот тренд и не заостанува од Европските и светските трендови“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Според она што беше презентирано денеска, на македонските компании и компаниите во регионот им е потребно да ги трансформираат своите бизниси преку користење на Cloud технологија која е во подем.

Amazon Web Services е водечки Cloud Service провајдер со 62 проценти удел на светскиот пазар. AWS е cloud service платформа која нуди складирање на податоци, хостинг  и скалбилност на апликации, несерверска инфраструктура и други функционалности кои им помагаат на бизнисите да растат и да се развиваат без големи вложувања во инфраструктурата.

Во моментов милиони корисници ги користат AWS cloud продуктите и решенијата кои им овозможуваат миграција на својата инфраструктура, креирање на софистицирани апликации со зголемена флексибилност, скалабилност и високо безбедна околина.

За прв пат како тренинг провајдер директно се појавува на македонскиот пазар и во регионот преку соработката со Семос Едукација.

За повеќе информации за AWS обуките можете да прочитате на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на дланка на туристите: Изработена нова апликација „Visit Macedonia”

Редакција

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Редакција

Проверете каде купувате онлајн: Објавен првиот регистар на е-трговци

Редакција