еМагазин
Image default
Македонија

Амбасада на Русија: За какво мешање зборува Саливан кога се знае дека на 19 октомври Бејли беше во Собранието

Од Руската амбасада во Македонија, регираат на неодамнешната изјава на американскиот заменик државен секретар Џон Саливан дека Русија сака да го поткопа Договорот од Преспа и дека го блокира влезот на Македонија во НАТО.

Ви ја пренесуваме реакцијата објавена на Фејсбук профилот на Амбасадата:

“Не можеме да не го обрнеме вниманието на новата серија на обвиненија против Москва за некое мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Овој пат ги искажа првиот заменик државен секретар Џон Саливан за време на неговата посета на Скопје на 18 декември.

Според него, Русија, како што велат, го блокира пристапувањето на македонската држава во НАТО и се обидува да го спречи спроведувањето на Преспанскиот договор “против јасна волја на македонските граѓани”.

Ние би сакале да го вратиме американскиот службеник во реалноста.

Прво, “јасна волја на македонските граѓани” беше изразена со неуспешниот исход на референдумот во балканската република на 30-ти септември оваа година. Според неговите резултати, мнозинство од населението го отфрли наметнато од страна на САД влечење на Скопје во евроатлантските структури во замена за промената на државното име и откажувањето од националните интереси на земјата.

Второ, што се работи за мешање на Русија, добро е познато дека американскиот амбасадор беше присутен во зградата на Собранието на Република Македонија за време на скандалезното гласање на 19 октомври оваа година.

За да се обезбедат неопходните резултати беа користени валкани манипулации, поткуп и уцена на пратениците, што стана познато во јавноста. Покрај тоа, не руските, туку посетителите од САД, ЕУ и земјите од НАТО речиси секојдневно доаѓаа едни по други во Скопје, само за да се наметнат уставни измени.

Сè е како и обично. Со безосновна антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, да го легитимизира несоодветниот Преспански договор и да влече уште една земја од Балканот во НАТО против волјата на граѓаните, како што беше случајот со Црна Гора во 2017 година.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот заменик државен секретар Саливан: Русија сака да го поткопа Договорот од Преспа, САД стојат зад Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 4 лица, 112 пациенти се на кислородна подршка

Редакција

Пратениците на ДУИ и на Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да ја поддржат интерпелацијата за Џафери 

Редакција

Убава вест: 96 оздравени од Ковид-19

Редакција