еМагазин
Image default
Македонија

Амбасадата на САД ги предупреди Американците да ги избегнуваат протестите во пресрет на референдумот

Американската амбасада им препорачa на своите државјани да не ги посетуваат просторот пред Собранието, во центарот на Скопје, во текот на утрешниот ден, 27-ми септември од 19 часот, односно да не го посетуваат истиот простор и плоштадот на 30-ти септември од 19 часот.

„Различни групи имаат намера да протестираат против претстојниот национален референдум за договорот од Преспа за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи во недела, на 30-ти септември.

Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови од земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада советува да се избегнат секакви места каде може да има демонстрации“, пишува во соопштението на американската амбасада во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократско движење, Беса и Алтернатива ќе делуваат во една пратеничка група

Редакција

Пожар на паркинг зафати „ауди“ на Владата

Редакција

Денеска пристигнува првата пратка вакцини од Србија

Редакција