еМагазин
Image default
Македонија

Амди Бајрам ќе собира гласови за да стане претседател со „Амди-кола“

Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој е еден од кандидатите за претседател на државата на престојните избори ќе „собира“ гласови со „Амди-кола“, најави во интервју за 24 анализа на телевизијата 24.

„Силен сум многу. Тоа е еден пробен балон како ќе биде меѓу граѓаните. Имам подршка од сите, познат сум кај сите. Бренд си е бренд. Нема да биде Кока Кола, туку Амди Кола. Колку пијалоци ќе се испијат, толку гласови ќе добијам, рече Бајрам и извади шише со кола со неговиот лик.

Во интервјуто Бајрам рече дека е задоволен од политиката на сегашната власт на чело со премиерот Зоран Заев, а и дека тој е поискусен политичар од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Подобро мене да ме избереа од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги извадев од кал“, рече тој.

За разлика од него, за Заев не знаел дека дека има широко срце и дека бил отворен за комуникација што не било случај со Никола Груевски.

„Во овој момент сум толку близок со Заев, што самиот ме прима и ми одговара кога и да му се јавам. Груевски не беше толку комуникативен“, рече Бајрам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само Амди Бајрам може да има ваков анкетен лист: Каков имот пријавил

„Нема смешка за „Амди за претседател“ пошто смешката сме ние“: Твитер за кандидатурата на Бајрам за претседател на државата

Твитер „зовре“ по јавните настапи на Бајрам: „Амди најреално ја има укапирано македонскава политика“

(ВИДЕО) Амди Бајрам „рекламира“ Кока Кола

Фото: ТВ24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во изминатите 24 часа нема починати од Ковид-19

Редакција

Денеска пресуда за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски

Редакција

Нови 536 случаи на Ковид-19 од 1.662 тестирања

Редакција