еМагазин
Image default
Македонија

Амди Бајрам: Со ВМРО-ДПМНЕ не преговарам; Титаник пропадна, сега сум на другиот брод

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник во Собранието, Амди Бајрам денеска одржа прес-конференција во законодавниот дом на која демантираше дека преговара за стапување во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека останува во коалицијата на СДСМ.

– Сакам да се изјаснам во врска со некои шпекулации, кои ги има во јавноста, во медиумите, по порталите дека преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Не, тоа е чиста лага. Ниту преговарам, ниту немам никакви работи. Јас сум во колиција со СДСМ и останувам и понатаму во коалиција со СДСМ и сакам сите портали, сите медиуми да ме контактираат мене за вакви работи. Го знаете мојот број и јас да ве известам, а не да ми создавате компликации на мене и мојата политичка партија, рече Бајрам.

Тој побара извинување од оние кои ги ширеле овие информации и нагласи дека паролата на Сојузот на Ромите е: „да биде секогаш со тој што е на власт“.

– Парола на Сојузот на Ромите е секогаш и јас како единствен пратеник, отсекогаш сум кажувал јавно, не кријам, секогаш треба да бидам со власта. Гледајќи ја целата ситуација јас бев во тој брод, Титаник пропадна и нормално преминав во другиот брод и имам успешна соработка со СДСМ, рече Бајрам.

На прашањето дали ќе го смени и „овој брод ако потоне“, Бајрам рече деке „се во свое време“, дека сега е во коалиција со СДСМ и дека на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврдил оти со него оди на избори.

МИА/Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши протестот пред Собранието, продолжува утре напладне

Редакција

Антикорупциска: Иванов се уште не платил за прекршочната

Редакција

До крајот на неделата ЛДП ќе предложи нов кандидат за министер за локална самоуправа на местото на Милевски

Редакција